Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчера извршиле контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар.

– При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту дозвола за менувачко работење од Народната банка – соопштија денеска од МВР.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.