Двегодишено дете паднало од четврти кат од зградата во која живеело во Скопје.
Според информациите од полицијата, доцна синоќа, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.