Две мајки синоќа пријавиле дека исчезнале нивните ќерки во Скопско, односно во Тетовско. Во првиот случај станува збор за малолетно девојче со здравствени проблеми, кое и претходно се оддалечувало од дома, според информациите од МВР.

– На 7.4.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од село Драчевица, Скопско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала. На 7.4.2023 во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од Село Церово, Тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23) – се вели во соопштението од МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на исчезнатите девојки.