Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, од вчера после полноќ е во тек и координира со потрагата по женско лице од с. Сујаклари, кое од Мало Мовче во Велес, 35 минути по полноќ се фрлило во реката Вардар. На лице место веднаш било барано телото од страна на екипа од три пожарникари на Територијалната противпожарна единица Велес и една екипа полицајци од СВР Велес.

-ЦУК, преку РЦУК Велес, во координација со СВР Велес и ТППЕ Велес има добиено информации дека телото уште не е пронајдено. Паралелно со итната потрага се известени сите релевантни институции – субјекти во Системот за управување со кризи. Денеска од утрото потрагата продолжила, при што се вклучени 6 пожарникари од ТППЕ Велес и 9 полицајци од СВР Велес. Се пребарува теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар – информираат од ЦУК.