Мајка пријавила во полицијата во Куманово дека соученик на нејзината ќерка, споделувал компромитирачки фотографии од нејзиното дете.

-На 11 април во СВР Куманово 38-годишна жена пријавила дека од училиштето каде учи нејзината малолетна ќерка била известена дека ученик во училиштето споделува компромитирачки фотографии од нејзината ќерка- информираат од МВР.