Вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на ул.Босна и Херцеговина, А.М.(57) од Скопје со употреба на чекан се обидел да го нападне Д.Д.(52), но бил спречен во намерата, по што со тврд предмет го оштетил неговото паркирано возило „пежо“. Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.