Дваесет и четиригодишно момче вчера околу 19.30 часот починало во населбата „11-ти Октомври“, додека играло фудбал. На момчето му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.