Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Драги Рашковски и побарала лицето што го снимало да дојде во ОЈО за да се изврши форензичко вештачење на телефонот.
Образложи дека побарала вештачење бидејќи судот нема доказ дека Рашковски е забележан по времето што е одобрено за излез од домашниот притвор.
Русковска рече дека, за жал, никој не се јавил ниту се појавил по нејзиниот повик.