Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, синоќа во 22.30 часот во СВР Охрид бил лишен од слобода Х.Б.(30) од Охрид. Тој претходно, во домот, физички нападнал членови на семејството.
При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој нелегално го поседувал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.