На две лица од Куманово им беше изречена кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19. Тие пред нивната семејна куќа организирале семејна прослава на која присуствувале 30 луѓе.
Од СВР Куманово информираат дека е поднесена кривична пријава против лицата Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.
На 26.12.2020 пред семејната куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик и мерките за заштита од ковид-19 донесени од Владата.