Вчера околу 12 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случи сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено.
Во несреќата учествувале, автомобил „Хјундаи И-30“ управуван од скопјанецот Б.В. (64) и мотор „Априлија Атлантик-500“ со кој управувал 48 годишниот В.З. од Скопје.
Мотоциклистот со тешки повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.