СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста“.
Nа улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, пријавениот од тераса од стан, од огнено оружје во негова сопственост, испукал неколку куршуми од кои четири проектили завршиле во паркирани патнички возила, сопственост на пекарница. По овој настан, на 03.03.2020 Г.А. упатил сериозни закани кон Љ.Н. и други вработени во пекарницата, со што предизвикал чувство на загрозеност на сигурноста и страв кај Љ.Н. и вработените.