Со давање на завршните зборови на сите обвинети ви случајот „Транспортер“ во Кривичниот суд во Скопје заврши судскиот процес на случајот со превозот на учениците во Битола.
 
Пресудата на обвинетите судијката Добрила Кацарска ќе им ја соопшти во вторник, на 31 март. Во исчекување на првостепената пресуда тоа што најмногу во моментот ги загрижува обвинетите се огромните трошоци кои треба да им се исплатат на адвокатите.
 
Инаку, во случајот „Транспортер“ покрај градоначалникот на Битола,
Владимир Талески и поранешниот секретар на општината Слободан Бончановски,
обвинети се уште 19 лица, директори на основни и средни училишта, како и
управители на автопревозни фирми кои се товарат дека го оштетиле буџетот
на Општината Битола за 360.000 евра. М.М.