Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на Швајцарска конфедерација, Ги Пармелен, во среда, 29 април, ќе престојува во официјална посета на државава, поради што во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.

Поради посетата, Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје.

Од МВР апелираат до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници.