Фото: „Нова Македонија“

Редици граѓани и викендов чекаат пред пунктот на МВР за промена на лични документи без претходно закажување, во рамки на полициската станица Пролет во Скопје, како што се забележува на фотографиите што утринава ги сликаше наш колега. Состојбата со метеж беше слична и при отворањето на пунктот во средата.

Фото: „Нова Македонија“

Згора, непосредно пред полициската станица можат да се забележат расфрлани обрасци за аплицирање за промена на документи.

Фото: „Нова Македонија“

Пунктот беше отворен за граѓаните да ја направат промената на личните документи со името Република Северна Македонија, задолжителна обврска што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција, во определениот законски рок до 12 февруари в година.

Пунктот во Кисела Вода е отворен од 8 до 18 часот во текот на работните денови, додека викендов работи од 8 до 16 часот, како што извести Министерството за внатрешни работи (МВР).

ФОТОГАЛЕРИЈА: Редици на отворањето на пунктот за промена на лични документи без закажување