Фото: МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој воедно е и портпарол на ДУИ, на социјалните мрежи објави дека ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.

„ДУИ: ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“ пишува Османи.