Добитници на овогодишните државни награди „11 Октомври“ се невропсихијатарот проф. д-р Методи Чепреганов за животно дело во областа на науката и поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски за животно дело во областа на културата и уметноста.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2022 година во 12 часот во Собранието.
Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е Џевдет Хајредини.