Фото: Принтскрин/МВР

Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со воведувањето на овие оперативни мерки, како што велат оттаму, се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите.