Фото: МИА

Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, информира МИА.

Истото го потврдила и директорката на ДПИ Анета Симеска.

Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари било издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно.

Бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДПИ присилно ја затворило дискотеката.

Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела се случи инцидентот со хрватскиот ракометар Денис Тот.

Симеска нагласи дека затворањето на дискотеката не е поврзано со настанот.