Со премиерот и министерот за транспорт и врски имаме ист став, но зборуваме терминолошки различно. Јас сум економист, премиерот е машинси инеженер, а министерот за транспорт и врски е правник. Треба да ја гледаме суштината, дека за Коридорот 10 ги бараме истите услови, грант, средства, како за Коридорот 8. Значи, бараме средствата, како што биле одобрени за Коридор 8, да бидат исто и за Коридорот 10. Дали ќе речеме дека е тоа пренамена, е техничка работа, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Одговорајќи на новинарско прашање, Димитриеска-Кочоска потенцира дека целта на Владата во моментов е да им помогне на компаниите преку намалување на нивните трошоци за транспорт.
Според неа, Коридорот 8 сега не е приоритет зашто, со лимитиран буџет и недоволно средтсва, од него не добиваме додадена вредност.
– Несфатливо е за мене дека имаме различни ставови со премиерот. Ставовите ни се исти, но јас зборувам со екононски речник. Терминолошки зборуваме различно зашто јас сум економист, премиерот е машинси инеженер, а министерот за транспорт и врски е правник. Прво треба да завршиме со проектот Коридор 8. Во Министерството за финансии имаше тендер и тој треба да се заокружи. Потоа треба да се каже „прифаќаме или не“. Она што го говорат министерот за транспорт и врски и премиерот е дека ние тоа нема да го прифатиме зашто во моментов не ни е приоритетно. Од Коридорот 8 во овој момент, со лимитиран буџет и недоволно средтсва, не добиваме додадена вредност. Имаме компании кои добиваат производи на пристаниште во Солун и во овој момент ги трапнспортираат со камиони што чини многу, желензицата е многу поевтина. Ако помогнеме во делот Коридор 10, да може да го врши транспортот како што треба, на компаниите ќе им го намалиме трошокот за транспорт. Им помагаме зашто во 2026 година, со декарбонизацијата, тие ќе треба дополнитлно да плаќаат пенали за проиозводите што ги извезуваат. Сега се обидуваме да искомпензираме, во овој дел да се намалат трошоцоите за на крај балансот да биде позитивна нула, да не им се менуваат продажните цени на фирмите – рече министерката.
Таа е децидна дека мора да му се даде приоритет на бизнисот кој го полни Буџетот и од кој, како што напомена, зависат многу работни места.
– Со Коридорот 8 ќе ги поврземе Драч и Бургаз. Знаете некој од таму да носи производи во Македонија? Не. километражата е многу голема и до Драч и до Бургаз во однос на Солун. Мора да им дадеме приоритет на нашите комапнии и да им ги намалиме трошоците зашто во догледно време, поради декрабонизацијата, ќе им се зголемат. Никој не вели дека Коридорот 8 не ни е важен, но кога имате лимитирани срдетсва нормално е прво да помогнете на бизнсиот кој го полни Буџетот, а потоа да се фокусирате на Коридорот 8. Овој коридор секако нема да изостане и нема никогаш да се случи да не го направиме, но даваме приротет во услови на ограничен буџет да помогнеме каде што треба – подвлече Димитриеска-Кочоска.