Фото: Маја Јаневска-Илиева

Монашкото братство на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, упати честитка до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето.

– Со духовна радост ги изразуваме своите искрени благопожелби и честитки до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, по повод 25-годишнината од неговата интронизација – стои во честитката.

Се додава дека изминатите две и пол децении на пастирска љубов и неуморна служба за Црквата и за народот се сведоштво за неговата силна вера и преданост кон православното духовно и културно наследство.

– Со молитви кон Пресвета Богородица и кон Светиите Божји, просиме небесни благослови за нашиот сакан Архиепископ, та да го продолжи своето апостолство во мир, цел, чесен, здрав, долговечен, со љубов и Божествено просветление. Нека годините што следуваат му бидат исполнети со здравје и со секојдневни Божји благодати. На многаја и благаја лета, Ваше Блаженство – се посакува во честитката на монашкото братство на Свештената бигорска Обител, предводено од владиката Партениј.