Фото: Маја Јаневска Илиева

Под мотото „Пренеси ја Божиќната радост до секое срце“, Христовото раѓање Божиќ денеска напладне беше најавено со бадникови поворки во Скопје и други градови низ Македонија.

Во Скопје беше формирана досега најдолгата бадникова поворка, која тргна од пред Музејот на Град Скопје, продолжи по улицата „Македонија“ и заврши на плоштадпот „Македонија“ во Скопје, со голем Божикен концерт и креативни работилници за децата. Свештениците од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ традиционално осветија нафора и чај за граѓаните, а за децата од поворката беа подготвени над 3.500 коледарски пакетчиња.

Бадник беше одбележан и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На традиционалниот настан беше подигнато бадникарско знаме, беа осветени бадникови гранчиња и кумовата погача, а беше примопредаден и бадникарскиот ќуп.

Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева
Фото: Маја Јаневска Илиева