Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев на денешната седница со чевел удираше печати на амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски, со цел како што посочува да демонстрира пародизација на процесот.
Ова се случи по забелешката дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни.
– Еве го „Жан Моне“ процесот! Одличен е! Европски, по сите стандарди, по сите шверцерски стандарди на ДУИ. А Вие како слуга на ДУИ, супер си ја извршивте функцијата. Ако ви треба пародизација на процесот – еве ви го, повелете. Многу да не ви давам или да намалам? – рече тој.
Претходно на денешната тензична седница во Собранието, амандманите на Левица за измени на деловникот за работа не беа прифатени, по што пратеникот Борислав Крмов од Левица искрши компјуетр и микрофони, а листови летаа кон потпреседателот на законодавниот дом, Горан Мисовски.