Фото: Маја Јаневска-Илиева

Тенденцијата на новата Влада ќе биде учебната година да започне на 1 октомври, рече мандатарот Зоран Заев, според кого, тоа е опција за да се спроведат протоколите, промена на законите, како и комплетна подготовка на онлајн-платформите за учење.

– Владата ќе ги донесе сите одлуки навремено, каде веќе се изградени политиките врз основа на здравствената комисија, проценките на образовните профили во државата и имаме од прилика чиста ситуација. На првата седница ќе ги донесеме сите конкретни одлуки. Почетокот на школската година ќе биде на 1 октомври, бидејќи ќе почне со селекција на еден дел на децата кои што треба да ги описмениме, а тоа се првите одделенија, а онлајн наставата ќе биде концепт за сите, со проценки на самите општини и слично. Имаме конкретен план, со сите анализи, за да може образовниот процес да тече и да го заштитиме нивното здравје, како и здравјето на нивните семејства – рече Заев.

Одлуката ќе биде донесена на првата седница на Владата.