На денешната седница е утврден и предлог-законот за ратификација на договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети меѓу владите на Република Северна Македонија и на Република Косово.

Ратификацијата на договорот ќе обезбеди регулирање на граѓанската материја (оставински постапки, мешани бракови, алиментации и други), со што се зајакнува правната соработка меѓу институциите и им се олеснува правниот сообраќај на државјаните на двете држави.