Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, Изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ с. Неготино, Општина Врапчиште, за Ентериерно уредување на објект „Кино Манаки“ – Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.