СОНК соопшти дека го става генералниот штрајк во мирување, по средбата, која се одржа зад затворени врати, а на која требаше да се донесе одлука за отпочнување на генералниот штрајк во понеделник.

– За зголемување на платите, од 01.01.2020 година, им се потребни уште неколку денови на министерот и на МОН. За да конечно се обезбедат сретства кои што ќе ги задоволат нашите барања – соопшти претседателот на СОНК, Неделков.

На средбата беше и министерот за образование Арбр Адемин, рече дека договориле да го стават штрајкот во мирување до добивањето конечна понуда за покачување на платите од МОН.

– Сега дискутираме за покачување на платите од 01. јануари. И ова поместување во смисла на моментот од кога ќе се пресметува третото покачување на платите во дејноста образование, секако дека е неопходно да се обезбедат сретства. И на тоа работиме – рече Адеми.
Адеми го покани членството на СОНК утре во МОН на, како што рече, последна рунда пријателски и конструктивни преговори. СОНК и Владата досега одржаа три состаноци на кои се преговараше за зголемување на платите во образованието.