Кабелските оператори информираат дека најавенот протест манифестиран со исклучување на реемитувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) го одложуваат на неопределено време.

– Добивме писмен одговор од министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека Владата нема донесено Уредба со законска сила за основање на Фонд за поддршка на медиуми и дека доколку одлучи да воведе некаков вид на давачка која би паднала на грбот на граѓаните, претходно ќе нè извести благовремено и ќе побара наше мислење и став по истото.

Ве известуваме дека најавенот протест манифестиран со исклучување на реемитувањето на македонските програмски сервиси (радиодифузери) го одложуваме на неопределено време. За сите понатамошни активности во врска со ова прашање ќе ја известиме македонската јавност благовремено – наведено е во соопштението на Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК-НЕТ-Скопје.