Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло, кога во поголемиот дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени.

Од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат. В четврток и петок се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.