Епидемиолошката состојба во Црна Гора е влошена поради масовните собири, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугош.

– Ако сите во Црна Гора, 20 дена носат маски, ја почитуваат препораката за физичка и социјална дистанца, водат сметка за хигиената, проблемот со коронавирусот би бил решен – рекол тој.

Тој кажал дека во земјата имало еден период на стагнација и дека тогаш сметале дека состојбата ќе биде подобра.

– Имавме помалку случаи. Сметавме дека состојбата ќе биде сè подобра. Но, масовните собири во изминатиот период предизвикаа зголемена трансмисија на вирусот и зголемен број на заболени – рекол Мугош.