Фото: МЗ

Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на Фејсбук напиша дека во тек е експлантација на срце која ја прават кардиохирурзите д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрезите, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.
– Да се надеваме на успех и да им држиме среќа – напиша Филипче.

Тој информира дека процесот за трансплантација на срце почнал утрово во 6:33 часот. Исто така, напиша Филипче, на двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези.

– Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа – напиша Филипче.