Мобилниот оператор „А1 Македонија“ преку кратко соопштение ја известува јавноста дека денеска се случил неочекуван технички проблем во мрежата, поради што кај дел од корисниците настанале потешкотии при воспоставување на повици и испраќање на СМС пораки.
– По брзата интервенција на професионалните екипи, потешкотиите со воспоставување на повици се надминати, а во моментов се работи на надминување на проблемот со испраќање на СМС пораки – информираат од мобилниот оператор.