Фото: Архива

Нов в.д директор на ЈКП „Водовод и канализација“ во Прилеп е Игор Гулабоски, инжинер технолог, со над 18 годишно работно искуство во приватна фирма како технолог менаџер. Ова е прва одлука на градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, во поглед на кадровските промени во институциите каде што има надлежност општината.
Гулабоски доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.
Според нашите информации, нов директор ќе има и старскиот дом „Киро Крстески-Платник”. За в.д ќе биде назначен Благојче Стојаноски, кој е вработен во институцијата како советник за човечки ресурси. Тој треба да дојде на местото на досегашниот директор Мики Крстев, кој поднесе оставка од функцијата.
Се очекува во следниот период да бидат назначени диркетори и на други јавни претпријатија кои се под надлежност на општината.

Ка.М.