фото: Игор Бансколиев

Од направени се 3.513 тестови во последните 24 часа регистрирани се 1.117 нови случаи на ковид-19, од кои 154 се реинфекции, а оздравени се 1.059 пациенти. Починале 14 лица, а уште осум се пријавени за починати со дијагноза ковид-19 согласно регистарот на Мој термин, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најмногу има во Скопје – 575, следат Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 1.059 оздравени пациенти од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 3 до 15 февруари. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 134.504, активни 4.974
Куманово 15.903, активни 392
Битола 13.905, активни 413
Прилеп 13.349, активни 254
Тетово 13.216, активни 339
Кавадарци 9.906, активни 345
Гостивар 9.292, активни 179
Велес 9.184, активни 339
Охрид 8.391, активни 153
Штип 7.836, активни 98
Струмица 7.787, активни 214
Кичево 5.284, активни 146
Кочани 4.889, активни 93
Струга 4.589, активни 77
Гевгелија 4.123, активни 128
Неготино 3.539, активни 148
Свети Николе 2.596, активни 58
Ресен 2.525, активни 57
Радовиш 2.449, активни 61
Крива Паланка 2.338, активни 57
Делчево 1.875, активни 24
Берово 1.697, активни 21
Дебар 1.578, активни 36
Валандово 1.507, активни 40
Виница 1.354, активни 20
Пробиштип 1.281, активни 10
Богданци 980, активни 41
Кратово 920, активни 18
Крушево 869, активни 16
Демир Хисар 805, активни 14
Македонски Брод 680, активни 17
Демир Капија 536, активни 20
Македонска Каменица 519, активни 3
Пехчево 455, активни 12
Дојран 254, активни 4.