Повеќе од 26.000 македонски државјани се вакцинирале минатата година во Врање, Србија.
Според податоците што ги објави „Врање њуз“, заклучно со 5 јануари вкупно 26.689 Македонци биле примени на пунктовите за вакцинација во соседната држава. Вакцинирани биле и 89.830 српски државјани.
Намногу од нив примиле вакцина од производителот „Синофарм“ – 72.098 дози, по што следат „Фајзер“ – 35.275 дози, рускиот Спутник – 8.243, и Астразенека во 932 случаи.