Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 248 тестови, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19: Скопје – 9, Прилеп и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (11), регистрирана е една реинфекција.
Регистрирани сe 56 оздравени пациенти од: Скопје – 21, Прилеп – 9, Битола – 8, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Штип – по 3, Неготино – 2, Тетово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје. Починатите лица се на возраст од 66 до 80 години. Едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови, во на 21 и 22 октомври годинава.
Досега во земјата се направени вкупно 2.180.622 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.