Фото: Маја Јаневска-Илиева

По доставената анализа на Министерство за економија, Владата денеска одлучила да не продолжи летното сметање на времето, туку, како и секоја година, стрелките на часовникот на крајот од месецов да се поместат за еден час наназад, потврдуваат оттаму.

Владата анализираше дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија. Доколку останевме на летното сметање на времето би се стемнувало еден час подоцна, односно работниот ден со природна светлина би бил за 60 минути подолг.