Фото: Игор Бансколиев

Во последните 24 часа регистрирани се нови 1.091 случај на ковид-19, од направени 3.702 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 2.322 пациенти, а починале 36 лица.

Од новите случаи, во Скопје се 586, Битола 58, Куманово 52, Тетово 44, Кавадарци и Велес по 39, Прилеп и Струмица по 29, Кичево 23, Штип и Неготино по 22, Гостивар и Охрид по 20, Кочани 16, Гевгелија и Ресен по 13, Струга 11, Свети Николе 9, Дебар 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево по 5, Богданци 4, Демир Хисар и Демир Капија по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод по 2, Виница и Кратово по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.

Регистрирани се 2.322 оздравени пациенти од: Скопје 1.356, Битола 113, Охрид 104, Прилеп 95, Кавадарци 90, Тетово 87, Гостивар 53, Куманово 46, Кичево 41, Велес 39, Струмица 33, Гевгелија 30, Неготино 29, Штип 28, Струга 23, Свети Николе и Делчево по 19, Радовиш 17, Берово 14, Виница 13, Ресен 10, Крива Паланка и Валандово по 9, Богданци и Македонски Брод по 7, Крушево 6, Кочани 5, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица по 4, Дојран 3, Демир Хисар и Демир Капија по 2, Пехчево 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 до 90 години. Починатите се пријавени во периодот од 1 до 4 февруари. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 133.926, активни 5141
Куманово 15.848, активни 408
Битола 13.849, активни 409
Прилеп 13.322, активни 264
Тетово 13.187, активни 342
Кавадарци 9.862, активни 301
Гостивар 9.268, активни 175
Велес 9.121, активни 276
Охрид 8.372, активни 157
Штип 7.823, активни 99
Струмица 7.744, активни 177
Кичево 5.250, активни 129
Кочани 4.877, активни 89
Струга 4.577, активни 79
Гевгелија 4.107, активни 112
Неготино 3.524, активни 134
Свети Николе 2.592, активни 54
Ресен 2.516, активни 57
Радовиш 2.434, активни 56
Крива Паланка 2.329, активни 54
Делчево 1.872, активни 24
Берово 1.693, активни 17
Дебар 1.567, активни 29
Валандово 1.503, активни 37
Виница 1.352, активни 19
Пробиштип 1.279, активни 8
Богданци 977, активни 39
Кратово 915, активни 13
Крушево 866, активни 15
Демир Хисар 804, активни 17
Македонски Брод 679, активни 16
Демир Капија 535, активни 19
Македонска Каменица 519, активни 3
Пехчево 454, активни 11
Дојран 254, активни 4.