Фото: Игор Бансколиев

Регистрирани се 68 нови случаи на ковид-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа. Оздравени се 40 пациенти, а пријавени се тројца починати.

Како што информира Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип по 3, Куманово, Битола и Велес по 2 и Кичево – 1.
Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции.
Од оздравените пациенти, во Скопје се 32, Битола – 3, Гостивар и Неготино по 2 и Штип – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани две починати лица од Битола (81 година) и Прилеп (71 година), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 до 28.09.2022 година.
Направени се 659 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-73, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-11, Биотек-17, Систина-3, лабораторија Лаор-4, Синлаб-2, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-1, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-2, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 311.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.