Кина донира 30.000 евра за борбата со коронавирусот во Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека парите ќе бидат искористени за набавка на опрема.

– Благодарност до Народна Република Кина и амбасадорот Џанг Ѕуо за донацијата од 30.000 евра. Овие средства ќе бидат искористени за набавување на опрема за справување со ковид-19 за здравствените работници и епидемиолозите. Опремата ќе биде добредојдена за деновите кои претстојат при извршувањето на работните обврски во јавно-здравствените установи – вели Филипче.

Тој кажа дека во сабота се очекува да пристигне и дополнителна опрема од Кина – маски, каљачи, ракавици, реагенси, заштитни очила и скафандери.