Фото: Маја Јаневска-Илиева

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (77), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 101 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 27, Берово – 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Кавадарци и Велес – по 3, Куманово, Тетово, Охрид и Кичево по 2, Гостивар, Штип, Ресен, Виница и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковидkovid-19 од Мој Термин дополнително не сее регистрирани починати лица.