Денес се регистрирани 1.396 нови лабораториски позитивни случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 233.464. Оздравени се 348 пациенти – пријавени се девет починати лица, информира Министерство за здравство.
Министерството информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени се 11.479 тестови, а регистрирани се заразени во: Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар (78 години), Битола (79 години), Ресен (73 години), Прилеп (76 години) Штип (63 години) и Македонска Каменица (73 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се три лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18 декември 2021 година. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирања за ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.