Со цел подигање на свеста кај граѓаните за доследна примена на мерките за заштита од коронавирусот, ковид-19, денеска вработени од Одделението за превенција при ОВР-Кичево, реализираа превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните мерки и протоколи за заштита од ковид-19.  

 – Во рамките на оваа кампања претставниците на ова одделение заедно со волонтерите на Црвениот крст од градот ,на граѓаните им поделија поголем број на заштитни повеќенамески маски,заштитини ракавици и пригоден пропаганден материјал, кој содржи совети и препораки за лична заштита – истакнаа од СВР Охрид.

И на овој начин полициските службеници покажаа голема грижа за јавното здравје и партнерство со граѓаните, во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување од ковид-19.