Босна и Херцеговина воведува нова радикална мерка во борбата против ширњето на коронавирусот.

Федералниот штаб за цивилна заштита издаде нови наредби на денешната четврта вонредна седница во Сараево, кои стапуваат на сила на денот на нивното донесување, пренесува хрватски „Индекс“.

Најголема новост воведена денеска е забраната за движење на деца и постари лица, односно млади под 18 и возрасни над 65 години.

Уште пет случаи на инфекција со коронавирус беа потврдени денеска во Босна и Херцеговина, а до пладне вкупниот број на заразени во земјата беше 69, потврди Канцеларијата за јавно здравје.

Жариште на пандемијата во БиХ се уште е Бања Лука, каде досега инфекцијата е потврдена кај 34 лица.

Околу 1.900 луѓе се под надзор во овој град поради сомнение дека се потенцијални пренесувачи на вирусот.