Во последните 24 часа, 6.996 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 75 биле позитивни, додека едно лице починало.

Според најновите податоци од Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 40 пациенти на респиратори во болниците низ цела Србија.

Вчера имаше тестирани дури 9.513 лица, додека 108 од нив беа позитивни.


Во Хрватска 312 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 312 нови случаи на коронавирус со што бројот на активни случаи се искачи на 2.654.

Од нив, 211 пациенти се хоспитализирани, од кои 12 на респиратор. Три лица починале во изминатите 24 часа.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на ковид-19 во Хрватска, регистриран е 9.861 случај, од кои 183 починале, а 702 оздравеле. Во самоизолација се 9.148 лица.

До денес тестирани се 165.716 луѓе, од кои 3.415 во последните 24 часа.