Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 88 оздравени пациенти од: Скопје – 57, Битола – 8, Охрид и Ресен – по 3, Кичево, Кавадарци, Велес, Свети Николе, Кочани и Неготино – по 2, Куманово, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.