Додека сѐ уште сме во подготовките за Нова година, жителите на островските држави Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Австралија веќе си ја честитаа Новата година, главно со откажани или ограничени јавни собири, а некаде и со спектакуларен огномет.

Австралија се збогуваше со 2021 година со прекрасен огномет над пристаништето во Сиднеј, бидејќи добија добра вест од Јужна Африка, првата земја што го помина бранот Омикрон и донесе надеж за посреќна Нова година, пренесува Ројтерс.

Прославата на Новата година на Тајмс Сквер во Њујорк ќе се одржи и покрај рекордниот број заразени со ковид-19, потврди вчера градоначалникот Бил де Блазио.