Кина го започна своето прво клиничко испитување на вакцина против новиот коронавирус.

– Во петокот, 108 доброволци, поделени во три групи, ги добија првите инјекции“, објави кинескиот весник на англиски јазик „Глобал тајмс“.

Волонтерите се на возраст од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави ковид-19 во декември минатата година.

Нивното здравје ќе се следи шест месеци.

Мултинационалните фармацевтски компании објавија во четвртокот дека за вакцината против САРС-КоВ-2 ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.

Во исто време, Русија објави дека започнала со тестирање на вакцини на животни, а првите резултати ќе бидат познати во јуни.

Од коронавирус досега во светот починаа 14.705 луѓе, над 340.067 се заразени, а излекувани се 99.027.