Велика Британија објави дека првпат од март минатата година нема смртни случаи од Ковид-19.

Во последните 24 часа биле пријавени 3.165 новозаразени од коронавирус наспроти 3.383 во понеделникот и 2.493 пред една недела, пренесува Би-би-си.

Извештајот следуваше кога во Велика Британија и во другите земји од ЕУ порасна загриженоста по неодамнешното зголемување на новозаразени случаи од коронавирус поврзани со ширењето на новиот индиски сој.

Дневната стапка на смртност во Велика Британија, како и бројот на луѓе примени во болници, а заразени од коронавирус, бележат пад, велат официјалните власти.