Славната оперска куќа во Сиднеј соопшти дека ги дезинфицирала своите простории бидејќи таму во саботата настапила холивудската продуцентка Рита Вилсон, сопругата на Том Хенкс, а двајцата се позитивни на коронавирус.
Вилсон својот пејачки настап го одржала во саботата вечерта во салата „Утзон Рум“, а ја гледале и слушале 207 луѓе, вклучително и сопругот Том.
Двократниот оскаровец и неговата сопруга се први глобални познати личности кои се позитивни на коронавирусот.
Том Хенкс на Твиер напиша дека тој и сопругата се тестирале за коронавирус во Австралија, каде работи на филм, по што почувствувале замор и болка со блага жештина.
– Се чувствуваме малку заморно, како да имаме настинка и болки. За да бидеме сигурни, како што моментално препорачуваат, се тестиравме на коронавирус и утврдивме дека сме позитивни – напиша Хенкс.
Откако дознале дека се позитивни на вирусот, Операта во Сиднеј контактирала со здравствените власти, како и спонзорите и персоналот кои биле во контакт со сопружниците.